Туристите на островот Тасос во Грција се евакуираат откако синоќа, 9 јули, околу 23 часот изби гoлем пожар во местото Гликади

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Туристите на островот Тасос во Грција се евакуираат откако синоќа, 9 јули, околу 23 часот изби гoлем пожар во местото Гликади. Засега станбените делови на островот не се во опасност, но е зафатена голема шумска површина со борови. Сепак, многу туристи, вклучително и Срби на одмор, испаничија и се упатија кон пристаништето во Лименас, објавија грчките медиуми.

Првиот ферибот во зори од Лименас до пристаништето Керамоти исплови натоварен со патници, додека патот од Пахис до Лименас е затворен и на возачите им се препорачува да изберат алтернативни рути поради редовите што се формирале, пренесува српски Мондо.

 

 

Алтернативна рута за возачите кои се во Принос, Калирак или Мариес е преку Лименарија-Потос-Потамија и Панагија за да стигнат до Лименас. Најавени се кратки прекини на електричната енергија. Некои места на островот веќе останаа без струја.

Еден од плажните барови на плажата Гликади изгоре целосно. Хотел во областа Пачи беше евакуиран како мерка на претпазливост.

Градоначалникот, Лефтерис Киријакидес, на Фејсбук повика да не се создава паника уверувајќи дека службите работат на гасење на пожарот.

„Ве молам престанете со публикациите што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција“, се вели во објавата.

- Advertisement -
Ad image

Првиот авион пристигна во Тасос во 5:50 часот наутро за да помогне во гаснењето на пожарот. Засилени противпожарни и полициски сили, како и волонтери, слетаа во Лименас помеѓу 14 и 16 часот.

На групата „Грчка инфо“ на Фејсбук е објавено дека, според жителите на островот, пожарот избил во близина на хотел во Гликади.

„Волонтерите бараат засилување, а пожарникарите од Кавала се упатија кон островот за да помогнат во гаснењето на пожарот бидејќи противпожарните авиони не можат да летаат ноќе. Некои места на Тасос останаа без струја“, објавува страницата.

- Advertisement -
Ad image

Во Грција активен е и пожарот во делот на Дојран кој премина од македонска страна и пожар кај Атина.

Share This Article