Тухел го објави својот прв состав како селектор на Англија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Менаџерот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, го објави својот прв состав за претстојните квалификациски натпревари на тимот во март. „Трите лава“ на 21 овој месец ќе ја пречекаат Албанија во меч на „Вембли“, а три дена подоцна во Лондон ќе пристигне Летонија.

Германскиот тренер донесе неколку интересни одлуки, а објавениот состав значително се разликува од последните селекции под водство на Герет Саутгејт и последователно неговиот привремен наследник Ли Карсли.

Импресивно е враќањето на Маркус Рашфорд, кој падна во немилост на Манчестер Јунајтед, но неговиот трансфер во Астон Вила покажа дека се враќа во форма и веќе забележа четири асистенции. Друго изненадувачко име меѓу повиканите е она на Џордан Хендерсон, кој моментално е играч на Ајакс, како и на младиот талент на Арсенал, Мајлс Луис-Скели.

Меѓу избраниците на Тухел се и Ден Бирн, за кого ова не е прв повик, но се уште не дебитирал за тимот, како и Морган Роџерс, кој дебитираше на крајот на минатата година.

Интересна е и одлуката да се повикаат четворица голмани, кои покрај очекуваните имиња на Џордан Пикфорд и Дин Хендерсон, се враќаат и Арон Рамсдејл и Џејмс Трафорд, кој моментално настапува во Чемпионшип со Барнли.

На тимот му недостасува значајно име за Англија во последниве години, како што се Хари Мегваер, како и Конор Галагер, Морган Гибс-Вајт и Адам Вартон.

Share This Article