Млад моторџија, на возраст од 34 години вчера загина во сообраќајна несреќа во Валандовско, откако се судри со трактор со кој управувал 75-годишна возраст.
„На 5.9.2025 околу 14 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат од селото Јосифово кон селото Пирава, Валандовско, кај место викано Железен мост се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од село Пирава, и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од селото Јосифово, Валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал“, соопшти полицијата.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.
Tagged as:
на возраст од 34 години Трагедија во Валандовско - загина моторџија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
