Background

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Оризарска река се излеа во село Грдовци. Водостопанство „Брегалница интервенира“ со багер-гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани – Грдовци е нормализиран. На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и „Македонија пат“ интервенира за нивно расчистување, соопшти ЦУК.

- Advertisement -
Ad image

„Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река. Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини. Нивото на водата во реките е во опаѓање.

Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен. Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри. Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.

Поради поројните врнежи водата за пиење во Крушево е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена. Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.

Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.

Во прилепското селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот. Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали. Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.

Патот кон тетовското село Жерма и кон село Бродец е прооден. Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби, велат од ЦУК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation