Background

ЦРВЕН КАРТОН ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

„Борбата против врсничкото насилство  и агресивното однесување меѓу најмладите мора да биде поефикасна. Таа  мора да почнува од секој родител, дом и од секоја општествено одговорна асоцијација, институција или здружение“, ова беше заклучено на дебатата „Црвен картон за врсничкото насилство“ што ја организира Интернационалната полициска асоцијација- ИПА Охрид со поддршка на Локалната Власт.

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски се заблагодари на организаторите на настанот укажувајжи дека Општината секогаш ќе има слух и активно во рамки на своите надлежности ќе се вклучува во решавање на овој проблем.

– Врсничкото насилство е проблем пред кој не смее да затвораме очи или да го игнорираме.  Големиот број на инволвирани институции доволно кажува за сериозноста на проблемот и сите треба да учествуваме во негово решавање, а не игнорирање. Општината дава максимална поддршка во се што е во насока на правилен раст и развој на нашите деца– рече Божиноски.

Претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски  со конкретни примери и бројки учажа на постоење на насилство и агресивно однесување  од и кон младите охриѓанчиња што е исклучително загрижувачки факт.

– Борбата против врсничкото насилство и агресивно однесување меѓу најмладите , треба да ја водиме сите заедно, заради намалување на сите манифестации на насилство помеѓу учениците  како крајно штетни и опасни појави  кај младите но и да покажеме цврста определба, дека лично и институционално, енергично и бескомпромисно  ќе ја водиме и навремено и законски ќе реагираме во сите случаи  на агресивно и насилничко однесување помеѓу младите но и кон младите, што претставува голем, личен, семеен и општествен проблем- подвлече Димоски.

- Advertisement -
Ad image

Предавач на трибината „Црвен картон за врсничкото насилство“ беше  академик Љупчо Кеверески кој зборуваше на тема Емпатија и ЕМПАТИПЛУС-СР,  како нов модел за превенција на врсничкото насилство

– Најчесто кај нас проблемот со насилството од и над младите е резултат на задоцнети интервенции, превенција после интервенција, психолошко „маскирање“, институционална дефокусираност, институционални „парадокси“, пат на психолошкиот имунитет на младите, ерозија на емпатија – посочи Кеверески

На настанот  покрај Претседателот на Советот на Општина Охрид присуствуваа и активни и пензионирани полициски службеници, претставници од Општинскиот Совет за превенција на детско претстапништво, претставници на образовни центри од Охрид и Струга, судско – обвинителски инстанци, адвокати за малолетници од Центарот за социјални Работи и други институции од Охрид и Струга.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation