Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ ја демантираше изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека Црна Гора лобирала да го спречи Интерпол да одобри издавање црвена потерница за Додик.
„Во врска со изјавата на Милорад Додик, која ја презедоа неодговорни поединци без никаква проверка на фактите, со цел да се освојат евтини политички поени на сметка на институциите на Црна Гора, категорично и недвосмислено ги отфрлам тврдењата дека Министерството за надворешни работи на Црна Гора, а со тоа и кој било дипломат, е ангажирано во спречувањето на принципите на владеење на правото, добрососедска соработка и почитување на меѓународното право“, напиша министерот Ибрахимовиќ на социјалната мрежа Икс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
