Црна Гора и Албанија од јуни следната година се приклучуваа во заедничкиот пазар на Европската Унија за телекомуникациски трошоци, што ќе им овозможи на нивните граѓани да остваруваат повици по цени како дома.
Оваа одлука е дел од планот за приближување на Албанија и Црна Гора кон членството во ЕУ и постепено намалување на трошоците за роаминг во регионот, кој е во тек веќе две години.
Покрај двете земји и други земји од Западен Балкан преговараат за приклучување кон иницијативата за бесплатен роаминг – Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Украина.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неодамнешниот дигитален самит изјави дека Унијата дала патоказ што треба да го исполнат државите од Западен Балкан за да пристапат кон оваа зона, но потребна е активност и од нејзина страна.
– Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани. Главна беше измената на Законот за електронски комуникации за исполнување на клучните регулативи и директиви на ЕУ што ние веќе го направивме летово. Остануваат уште неколку подзаконски акти што треба да ги завршиме до крајот на годинава и со тоа ќе ги исполниме условите. Во напредна фаза сме, го изработивме нашиот Акциски план и мислам дека ќе бидеме први од регионот – рече Андоновски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
