Топ Вести - Слушај сега
. Состојбата е редовна и континуирано се следи.
Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот регион зачестени се одрони и свлечишта на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица. Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема опасност од излевање на реките. во општините Крива Паланка и Ранковце нивото на Крива Река е зголемено, но нема излевање и пријавени штети, додека во Општина Кратово нема штети, а зголемените водостоји на Кратовска и Крива Река се во рамки на коритата.
Според ЦУК, во општините Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар не се пријавени штети од врнежите, додека во општина Крушево нивото на реката Црна кај село Бучин е покачено, но стабилно и без опасност од излевање.
На подрачјето на РЦУК Охрид состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети.
„На подрачјето на РЦУК Тетово состојбата е мирна, без врнежи од дожд и без пријавени штети. Во општините Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе и Лозово состојбата е стабилна и нема опасност од излевање на реките. Во ридско-планинските делови на општина Кавадарци има нови врнежи од снег. ЈП „Комуналец“ со две возила интервенира на критичните патни правци. На патниот правец Кавадарци – Мушов Гроб – Мајдан има одрони кај месноста Катуниште, каде ЈП „Македонија пат“ врши расчистување. Сите патишта се проодни. Од браната „Мавровица“ продолжува прелевање на вода од 2 см над максималната кота, без опасност од излевање и загрозување на околината“, наведува ЦУК.
Според информациите од Општина Струмица, поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации.
Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од село Костурино. Реката Плаваја во село Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС Радовиш и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање.
Во Штипскиот регион ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира и ги одржува патиштата проодни, со апел за внимателно и прилагодено возење.
„Во Штип е пријавен срушен потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов, при што се оштетени две паркирани возила и е блокирана една сообраќајна лента. По завршување на увидот од СВР Штип ќе се пристапи кон расчистување. Водостоите на водотеците се зголемени, но се во рамките на коритата и засега нема опасност од излевање“, информира ЦУК.
Поради последните врнежи во регионот, зголемен е водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Регистриран е прилично висок водостој и ќе биде висок во наредните часови, но до крајот на денот треба да се намали. Зголемен водостој има и на река Пчиња и Крива Река. Иако, со зголемени водостој, во моментов состојбата со излевање на водотеците низ земјава е стабилна и така се очекува да продолжи до крајот на денот,“соопштија од Управата.
Претходно, од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ информираа дека навреме ги детектирале и санирале критичните точки за да спречат излевање на реките од коритата во кумановско. Активности биле реализирани и во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и во селата Јачинце и Клечовце. Формирани се заштитни бедеми, а исчистени се и делови од речните корита во Табановце и Горно Коњаре, на реката Коњарка.
Според податоците од претпријатието, исчистени се повеќе од осум километри речни корита, а механизацијата и во наредниот период ќе биде ангажирана на терен, со цел навремено справување со потенцијалните ризици.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
