Цените во земјоделството во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година пораснала за 9,9%, а трошоците во секторот пораснале за 3,7%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените во земјоделството во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година пораснала за 9,9%, а трошоците во секторот пораснале за 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци цените на тековно потрошените средства во земјоделството (импут1) пораснале за  3,7%. Гледано поединечно  енергијата, горивата и мазивата за 2,7%, средствата за заштита на растенијата поскапеле за 0,3%, добиточната храна за 7,1%, а ветеринарните услуги за 25%. Во однос на ланскиот февруари е намалена цената на минералните ѓубрива за 4,9% и на семињата за 1,9%

Статистика пресмета дека и трошоците на земјоделците за инвестиции (импут 2) се зголемени за 3,7%. Машините и опремата поскапеле за 5,2 %, а транспортната опрема за 6,4%.

Цените на растителното производство пораснале за 9,7%,а на добиточното производство за 12,3%. Цената на зеленчукот за една година пораснала за 11,9%.

Share This Article