Цените на горивата од полноќ се зголеуваат во просек за 1,00 %, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ се зголемува за 1,50 денар и литар ќе чини 79,5 денари. Цената на бензинот „еуросупер-98“ се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 81,5 денари, а за денар поскапуваат и дизелот кој ќе чини 73,5 денари и маслото за горење кое од полноќ ќе се продава за 73 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,426 ден/кг и сега ќе изнесува 45,285 ден/кг.