Background

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво.

- Advertisement -
Ad image

Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави Си Ен Би Си.

Фјучерсите (договорите за идно купување) на американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) пораснаа за 12,21 проценти, или 9,89 долари, и достигнаа 90,90 долари за барел. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта од типот Брент поскапе за 8,52 проценти, или 7,28 долари, и достигнаа 92,69 долари за барел.

Американската сурова нафта поскапе за 35,63 проценти изминатата недела, што е најголем раст откако започна тргувањето со фјучерси во 1983 година. Цената на суровата нафта од типот Брент се зголеми за околу 28 проценти, што е најголем неделен раст од април 2020 година.

Војната веќе доведе до речиси целосен застој на бродскиот транспорт во Ормускиот теснец, клучната поморска рута за снабдување со енергенси. Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби, во петокот за „Фајненшл тајмс“ изјави дека цените на суровата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел во наредните недели ако танкерите за нафта не можат да поминат низ теснецот.

Тој предупреди дека таквото сценарио би можело да „ги урне светските економии“.

Администрацијата на Трамп во петокот објави програма за осигурување од 20 милијарди долари за танкерите за нафта во Персискиот Залив, но мерката малку направи за да го смири пазарот на сурова нафта.

Ирак објави дека го намалил производството за 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт, исто така, започна со намалување на производството откако снемал простор за складирање.

– Пазарот се префрла од проценка на чисто геополитички ризик кон соочување со опипливи оперативни нарушувања – оценува Наташа Канева, раководител на истражувањето на глобалните пазари во ЏиПи Морган.

Канева додаде дека намалувањето на производството би можело да достигне 6 милиони барели дневно до крајот на следната недела ако теснецот не се отвори за сообраќај.

Поскапуваат и горивата во САД. Цената на галон бензин во изминатите денови се зголеми за речиси 27 центи, на 3,25 долари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation