Цената на златото за моментална испорака порасна за 0,9% на 3.508,73 долари за унца, надминувајќи го рекордот постигнат во април годинава

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на златото за моментална испорака порасна за 0,9% на 3.508,73 долари за унца, надминувајќи го рекордот постигнат во април годинава. Од почетокот на годината цената на овој метал порадна за 30%.

Аналитичарите велат дека ова зголемување е поттикнато од очекувањата дека американската централна банка (ФЕД) ќе ги намали каматните стапки овој месец како и од новите податоците за инфлацијата во еврозоната.

-Инвеститорите ја зголемуваат својата изложеност на злато, особено сега кога се наближува намалувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви, што дополнително ги зголемува цените – изјави стратегот на UBS Group AG, Џони Тевес.

Се предвидува  дека златото ќе продолжи да поставува нови рекорди во наредните квартали.

– Околината со пониски каматни стапки, послабите економски податоци и тековната макроекономска неизвесност и геополитичките ризици дополнително ја зајакнуваат улогата на златото како диверзификатор на портфолиото – велат експерти.

Share This Article