Цената на златото порасна на 2.754 долари за унца

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пазарите ги анализираат првите потези на американскиот претседател Доналд Трамп и ги очекуваат пораките од третиот ден на Светскиот економски форум во Давос. Берзите втор ден растат, а расте цената и на гасот и златото.

Царинските закани на Трамп ја поттикнаа побарувачката на златото како безбедно средство при нестабилни пазари. Спот злато поскапи за 0,3% на 2.754,04 долари за унца во Лондон. Зголемени се цените на среброто, платината и паладиумот.

Европските фјучерси на гас за февруари се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 50 евра за мегават-час.

Утрово е забележан раст на берзанските индексти во Европа и остар пад на берзите во кина, по најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за Европската унија  и изјавата на комесарот на ЕУ за економија Валдис Домбровскис дека Европа ќе возврати со пропорционални мерки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции утрово порасна за 0,2%.Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,14%, на 8.560 поени, додека франкфуртски DAX за 0,84%, на 21.218 поени, а париски CAC за 0,41%, на 7.805 поени.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи, но не и на кинеските каде што е забележан пад. Во Шангај и Хонг Конг тие паднаа меѓу 0,9 и 1,6%.

Инвеститорите стравуваат дека Кина ќе возврати, со што ќе започне нова трговска војна меѓу двете најголеми светски економии, слична на онаа што се случи за време на првиот мандат на Трамп..

Азиско-пацифичкиот индекс MSCI беше во плус 0,1. Јапонскиот индекс Никеи порасна за 1,6%, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,1%.

По изјавата на  Трамп дека OpenAI, SoftBank и Oracle ќе основаат заедничка компанија и ќе инвестираат 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција цените на акциите во технолошкиот сектор пораснаа. Акцијата на SoftBank скокна за 9%, а на Oracle за 7 %. Благодарение на ова, американските фјучерси на Nasdaq и S&P 500 утрово се во минус, па цените на акциите на Волстрит попладнево би можеле да пораснат втор ден по ред.

- Advertisement -
Ad image

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.025,81 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 19.756,78 поени, додека индексот S&P 500 падна на 6.049,24 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.516 долари, а на нафтата од типот брент на 79.056 долари.

Share This Article