Топ Вести - Слушај сега
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација.
Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и нова администрација, што не е во согласност со заложбите за рационализација и ефикасност на јавниот сектор.
– Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот – изјави Минчев.
Министерот објасни дека во следниот закон што го подготвува Владата, Законот за организација и работа на органите на државната управа, е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.
– Доколку имаме институции во кои надлежностите се преклопуваат, или имаат слични или исти надлежности, логично е тие да се рационализираат, а не паралелно да формираме нови тела – нагласи министерот.
Минчев истакна дека критериумите за избор на раководни позиции остануваат високи и строго дефинирани, при што, изборот во одредена институција ќе го врши комисија составена од професионални административни службеници од таа институција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
