Background

Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина

Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, информира Управата.

Од почетокот на годинава, заклучно со октомври наплатените приходи од Царинската управа изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Приходите од наплата на давачки при увоз на возила се зголемени за 11 проценти. Од почетокот

- Advertisement -
Ad image

на годинава досега се поднесени вкупно 174 кривични пријави, од кои 89 се за сторени кривични дела со возила.

– Царинската управа, во изминатиот период работи на сите фронтови. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија со кое раководи Царинската управа. Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси, да ги надминеме резултатите што самите ги постигнавме. Ова се повеќе пари за болници, училишта, патна и железничка инфраструктура – изјави директорот Бобан Николовски, во интервју за Алфа телевизија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation