Трудо најави тешки времиња ако САД им воведат царини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.

– Подготвени сме да одговориме – одлучно, силно, но разумно и итно. Тоа не е нешто што го посакуваме, но ако тие го сторат тоа, ние ќе реагираме – изјави Трудо.

Тој додаде дека „сите опции се на маса“.

Обраќајќи се пред Советодавниот одбор за канадско-американски односи, Трудо истакна дека Канаѓаните се „вознемирени и загрижени“, но увери дека Владата „ќе ги заштити“.

Share This Article