Трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 2,7%, а цените на мало раст од 2,2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата, пак, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е помала за 1,3 %.
Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 % и Разновидни стоки и услуги за 0,3 %.
Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 %, Ресторани и хотели за 0,3 %, Комуникации и Здравје за 0,2 % и Рекреација и култура за 0,1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во март во однос на февруари годинава се пониски за 0,9 %.