Тројцата измамници тврделе дека нивниот син им должи 10.000 долари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело.

„Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со сериозна закана ги присилиле двајца оштетени сопружници да им дадат парични средства во износ од 10.000 долари.

Жртвите најпрво почнале да добиваат пораки од првиот осомничен на социјалната мрежа Фејсбук, дека нивниот син наводно му должи пари, без да наведе износ. Потоа започнал да им испраќа и заканувачки пораки, а го ангажирал и вториот осомничен со други непознати лица да им се закануваат на оштетените и да бараат исплата на наведените средства.

Како дел на дејствијата на изнуда, тие им го скршиле стаклото на автомобилот на жртвите, со молотов коктел им ја опожариле влезната врата од станот и континуирано им се заканувале по живот. Синот кој бил во Америка исто така им потврдил на родителите дека и таму добива закани преку пораки и јавувања.

На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе паричните средства од оштетените, по што на лице место бил лишен од слобода од полициски службеници.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, како и мерка куќен притвор за помагачот“, се наведува во соопштението.

Share This Article