Тројца скијачи вчера загинаа во лавина во северниот дел на италијанскиот регион Пиемонт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца скијачи вчера загинаа во лавина во северниот дел на италијанскиот регион Пиемонт, објави Јуроњуз.

Лавината погодила група од петмина скијачи, од кои двајца преживеале и соо хеликоптер итно се пренесени во болница.

Според спасувачките извештаи, сите скијачи биле и искусни планинари.

Лавината започнала околу пладне на источната страна на Пунта Валгранде, врв на границата меѓу Италија и Швајцарија.

Снежната маса ги влечела скијачите неколку стотини метри од местото каде што скијале, на надморска височина од 2 800 метри.

Според извештаите, групата се искачила на ридот пеш, а потоа се спуштила на скии.

Инаку, било издадено предупредување за голема опасност од лавина во областа која се наоѓа на височина од над 2.100 метри.

На местото на несреќата пристигнале хеликоптери, заедно со техничари од Алпскиот спасувачки тим и со полицијата.

Повредените скијачи не се здобиле со сериозни повреди.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article