Background

Тројца пратеници ја обвинуваат дека шири говор на омраза

Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми.

Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други одвратни работи“, објавија Bujanovacke.co.rs, пренесе Бета.

Порталот објави и копија од кривичната пријава со потписите на Камбери од Партијата за демократска акција, која ги собира Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа, и на Шкријељ и Календер, избрани пратеници од листата на СДА Санџак-Сулејман Угљанин.

- Advertisement -
Ad image

Кривичната пријава е поднесена до Високото јавно обвинителство во Белград, според член 317 од Кривичниот законик на Србија, што се однесува на поттикнување омраза и нетолеранција врз основа на национална, верска и расна припадност.

Камбери истакна дека говорот на омраза не смее да остане само политичко прашање, туку, како што изјави, мора да се третира како прашање на законитост и правда.

Тој оцени дека реченицата на Брнабиќ „не претставува ниту лапсус ниту погрешно толкување, туку, како што изјави, „свесно таргетирање на муслиманската заедница и обид за ставање на религиозниот идентитет во негативен контекст“.
Според него, овој потег не е политичка одмазда, ниту сензационализам.

– Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза – рече Камбери.

Тој додаде дека правдата не е привилегија, туку штит за секој граѓанин, вклучително и оние кои, како што рече, „го изговараат „Алаху Акбар“ како израз на вера, а не насилство“.

– Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината и да се соочиме со јазикот што боли, дели и понижува – рече Камбери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation