Тројца израелски војници загинале, а еден офицер бил ранет кога тенкот во кој се наоѓале експлодирал во северниот дел на Појасот Газа во понеделникот, соопшти израелската армија, објави Тајмс оф Израел.
Истражителите се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало смртоносната експлозија, која се случила за време на тековните борби со групата Хамас во северниот дел на енклавата. Првичните сомнежи укажуваат дека можеби станува збор за оперативна грешка.
Тројцата загинати се: 21-годишниот наредник Шохам Менахем од Јардена, водник Шломо Јакир Шрем (20) од Ефрат и 19-годишниот водник Јулиј Фактор од Ришон Лецион.
Офицерот, чие име не е објавено, е хоспитализиран во тешка состојба, соопшти армијата.