Background

Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија

Традицијата на „Матица македонска“ продолжува. Повторно „Книга во секој дом“. Триста наслови со попуст до 70 проценти, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Средби со писатели од сите генерации. Промоции на нови книги. На читателската публика во десет дена ќе ѝ бидат понудени наслови од комплетната домашна и странска продукција. Сето ова, од 5. до 15 мај ќе биде дел од манифестацијата „Книга во секој дом“ што „Матица македонска“ ја организира веќе 26 години. Сите патишта ќе ги водат читателите кон Булеварот на книгите.

 Попустот од 30, 50 и 70% ќе се однесува и на најактуелни изданија, со голем избор од илјадниците автори, книги и приказни за сечиј вкус – најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија ќе бидат овозможени во книжарницата на „Матица македонска“. Читателите ќе имаат можност и да се сретнат и да разговараат со автори и од Македонија, и од странство, при што одделни средби ќе бидат организирани со дел од најчитаните и најреномирани писатели, додека промоциите во книжарницата на Булеварот на книгите ќе бидат посветени на најновите и ексклузивни книги објавени во 2025 година. Меѓу другото, на 6 мај, за првпат пред македонската читателска публика ќе биде промовирана и книгата „„Културата и траумата – Писмо до бугарскиот пријател“ од истакнатиот хрватски македонист и редок познавач на балканските состојби, Златко Крамариќ.

 Години наназад, со „Книга во секој дом“ се потврдува дека и во време кога новите технологии земаат најсилен замав, во Македонија има сериозна и бројна читателска публика, која бара книгата соодветно да дојде до неа. „Матица македонска“ настојува да го оствари токму тоа за македонските читатели, за навистина да се овозможи книга во секој дом. Со оваа манифестација, во изминатите 25 години се успеа да се оствари пораст на бројот на читатели, а македонската продукција да бележи огромен раст и прогрес на интересот за книги на македонски јазик со што домашните библиотеки стануваа сѐ побогати со македонски изданија. Дури во 2000 година, книгите на македонски јазик биле застапени со само 7% од вкупната продажба, во одреден период, веќе се успеа македонската продукција да биде  застапена со огромни 83%, и во исто време бројот на читатели-членови на „Клуб Матица“ да покажува дека читателската публика е зголемена и за повеќе од 40 пати. Затоа, по оствареното во изминатите години, „Матица македонска“ е мотивирана и подготвена, годинава, на читателите да им овозможи низа настани и исклучителен избор на наслови и автори, со вонсериски ниски цени, само со една цел – книга и од најновата продукција на македонски јазик да има во секој дом.

- Advertisement -
Ad image

 Сите настани во рамките на манифестацијата ќе бидат од отворен карактер, и како и секогаш – вратите на „Матица македонска“ ќе бидат отворени за сите читатели што ќе дојдат на Булеварот на книгите.

Инаку, покрај во книжарниците на „Матица македонска“, акцијата за изданијата опфатени со „Книга во секој дом“, во периодот од 5. до 15 мај ќе важи и за нарачи преку е-книжарницата на „Клуб Матица“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation