Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
– Преку новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој претставува темел на земјоделското производство, работиме на воспоставување на правила на игра. Во законот има неколку поглавја, од кои едно е регулацијата на пазарот, откупот на земјоделските производи, субвенционирањето и слично. Токму тука е делот што ги дефинира насоките по кои ќе се движиме – појасни министерот во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Тој додаде дека Министерството работи на внесување на млада сила во земјоделскиот сектор.
– Ние во изминатиот период објавивме низа јавни повици каде што финансиски ги кофинансираме младите до 40 години. Еден од јавните повици беше т.н. мерка за млад земјоделец, каде што се даваат грантови до 10.000 евра. Дополнително, имаше два јавни повици за распределба на земјоделско земјиште каде што приоритет имаа младите луѓе – посочи Трипуновски.
Нагласи дека се во тек јавните повици за модернизација на земјоделството, набавка на трактори и приклучна механизација. Министерството, додаде, распиша и јавен повик за продажба од куќен праг. Тоа се низа на мерки каде што приоритет при аплицирање имаат младите луѓе.
– Во Законот за земјоделство и рурален развој предлагаме младите брачни парови кои ќе одлучат да се вратат на село со одреден бизнис план да ги помогнеме – додаде Трипуновски во интервјуто и посочи дека од идната година, кога ќе стапи на сила Законот за земјоделство и рурален развој, ќе има голем одѕив кај мерката за враќање на младите на село.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖