ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ЗАБОЛЕНО ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА Детето е вакцинирано, се заразило од член на семејството

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во периодот од 24 до 30 јануари годинава пријавен е еден нов случај на голема кашлица, а во претходниот седмодневен период биле пријавени два случаи, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со голема кашлица. Станува збор за дете од Пробиштип на возраст од 3 години, вакцинирано согласно возраста, кое е епидемиолошки поврзано со претходно заболен член од истото семејство.

Од почетокот на 2024 година, заклучно со вчера во Македонија се регистрирани вкупно 1.179 лица заболени од голема кашлица, од кои хоспитализиран се 191.  Најголем дел од хоспитализираните припаѓаат на возрасната група од 0-4 години, кои во просек биле во болница по 8 денови.

Најголем број од заболените лица се регистрирани на територија на Скопје (70,4%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ државава.

Од вкупниот број на регистрирани случаи, 746 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не биле комплетно вакцинирани согласно возраста или немале доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просекот на поминато време од последната доза на вакцината до заболувањето изнесува 13,7 години.

„Во тек е епидемија на територијата на град Скопје. Во последните два месеци во државата се регистрираат само поединечни случаи на пертусис. Највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје (136,7/100.000) и во Куманово (102,5/100.000). Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (37%), а највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува 1.566,4/100.000 жители“, посочуваат од ИЈЗ.

Од пријавените 1.179 случаи, лабораториски се потврдени 1.176.

Од 18 јануари 2024 година до 23 јануари 2025 година се дадени вкупно 96.114 дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица.

Share This Article