Background

Три пожари беснеат, под контрола се во Трубарево и во Дрисла

На територијата на Македонија до пладне регистрирани се седум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни и им создаваат големи проблеми на пожарникарите и шумските служби. Два од нив се ставени под контрола, а уште два се целосно изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најкритично е во Гази Баба, во селото Виниче, каде што огнот зафати нискостеблеста шума и продолжува да се шири кон подножјето на Муратовица. Таму е ангажирана екипа која се бори со пламените јазици, а според ЦУК, дополнително ќе бидат испратени сили ако ситуацијата се влоши.

Во исто време, на Кожуф планина кај селото Петрово, пожар кој првично започнал како приземен, прерасна во огнена стихија што зафати букова шума.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е еден од најтешките терени за интервенција бидејќи пожарот се движи брзо по планинските падини – велат од ЦУК.

Во Зелениково, кај селото Вражале, гори површина со борови насади. Таму пожарникарите се борат со силниот ветер кој ја отежнува интервенцијата и постои опасност пламенот да се прошири кон соседните површини.

Додека активните пожари сè уште се закана, два други огнени жаришта се ставени под контрола. Едниот е во селото Трубарево во општина Гази Баба, каде што изгоре електричен отпад. Другиот е на депонијата Дрисла во Студеничани, каде што се запали ѓубре. Според надлежните, таму ситуацијата е стабилизирана, но екипите остануваат на терен заради можни нови активирања.

Два пожари веќе се изгаснати. Во населбата Идризово, кај објектот на „Пилко“, беше зафатена ниска вегетација, но пламенот брзо е ставен под контрола. Во Сопот, кај Свети Николе, целосно изгореа грмушки и ниска вегетација, но таму опасноста е елиминирана.

– Состојбата е динамична, но под постојан надзор. Апелираме до граѓаните да не палат оган на отворено и да пријавуваат веднаш доколку забележат пожар – велат од ЦУК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation