Три нови странски инвестиции во вредност од 110 до 120 милиони евра, кои ќе отворат повеќе од 1.500 нови работни места, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестициите ќе бидат во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацијата, со локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје, а инвеститорите се од Германија, Турција и од Грција.
– Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната е во делот на автомобилската индустрија – турска, едната е во делот на индустријата на високи технологии – германска и едната е во делот на фармацијата – грчка – рече премиерот.
За едната рече дека ќе биде во зоната во Тетово, а другите две во скопската зона. Премиерот рече дека очекуваат ногу скоро да има и втора фаза на овие инвестиции. Некои од постојните, како што нагласи тој, ги прошируваат нивните инвестициски капацитети, а уште со десет други се преговарало.
– Еден жесток инвестициски циклус што нас ни е битен поради намалување на невработеноста – рече Мицкоски пред пратениците.
Тој рече дека Владата води силен инвестициски циклус со цел намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени во октомври годинава надминал 705 илјади, а бројот на невработени е намален на околу 91 илјада. Владата очекува во 2026 година, со нов закон и активни мерки, за првпат да се постигне едноцифрена стапка на невработеност.
За активните мерки за вработување, во Буџетот за следната година се предвидени околу 2,4 милијарди денари, односно рекордни 40 милиони евра.
Мицкоски ги повика иселениците да се вратат во земјата, нагласувајќи дека ќе има зголемена побарувачка за квалификуван кадар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖