Обвинителство од Скопје нареди да се спроведе истражна постапка против тројца осомничени за изнуда.
Како што соопшти Обвинителството, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари.
Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја запали куќата.
Оштетениот првиот ден му дал 30.000 денари, бидејќи толку можел да извади од банкомат, а потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, кога се договориле за преземање на остатокот од парите, банкнотите биле претходно крим-технички обработени. Веднаш по предавањето, осомничениот е уапсен на лице место и кај него се пронајдени парите.
Истрагата опфаќа уште две лица за кои, согласно доказите обезбедени до овој момент, обвинителството дојде до основано сомнение дека претходно, во текот на август и септември годинава, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го уверувале дека парите посредно се наменети за други лица, со цел да не му наштетат нему и на неговото семејство, со што постои сомнение дека го присилиле да им исплати вкупно 27.000 евра.
Обвинителот кој работи на случајот побара притвор за првоосомничениот и мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство за другите двајца осомничени.
Tagged as:
Три лица сакале да изнудат 1.000 евра од скопјанец
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖