Трговците го увидоа ризикот за нивните бизниси

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Реакцијата на граѓаните против монополистичките пракси е легитимна, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. По најавата за бојкот на маркетите, посочи Стојановски, започнаа акции за поевтинување, што покажува дека има простор за намалување на цените.

Посочувајќи го примерот на Хрватска, каде бојкотите значително го намалија прометот, Стојаноски рече дека ова е сигнал за трговците во земјава да ги почитуваат договорите и интересите на граѓаните.

– Ние ги поддржавме граѓаните, бидејќи сметаме дека тоа што го направија е легитимно, бидејќи однесувањето на одредени трговски поединци преку формирање на монополистички и непопуларни политики води кон лоповлук – изјави Стојаноски во гостување на Телма.

Стојаноски рече дека трговците не ги почитуваат договорите, но граѓаните покажале став.

– Се служат со трикови, не ги почитуваат договорите. Ќе се договориме или ќе наметнеме мерки, но, тие не го почитуваат тоа. Граѓаните со ова покажаа став кој што сметам дека почнуваат да го слушаат – додаде Стојаноски.

Може тоа да го поделиме и да го разгледаме во две насоки, рече тој.

– Прво, веднаш по најавата за бојкот започнаа акции за поевтинување во маркетите, што укажува на тоа дека има простор за намалување на цените, ако се сака. Видовме попусти од 15%, некои поени на картички и слично, кои во моментов не се значајни, но постои простор за намалување на цените и тоа е јасно. Второ, во тие маркети работат луѓе кои можат потенцијално да ги видат ризиците кои им се закануваат на нивните бизниси – рече Стојаноски.

Тој посочи дека бојкотите во Хрватска го намалуваат прометот за 50%, а во индустријата за 36%, што може да биде пример и сигнал за оние кои не ги почитуваат договорите да се променат.

– Можеби ова е соодветен начин да им се испрати порака. Јас сметам дека ова може да биде еден од конечните акти за тие луѓе да се разбудат за тоа што го прават – рече пратеникот Стојановски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article