Background

Трговскиот дефицит порасна на 2,8 милијарди долари

Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – септември 2025 година во споредба со периодот јануари – септември 2024 година, пресмета Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368.279 милиони денари и бележи пораст од 2,09 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 523.204 милиони денари, што е за 3,59 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во долари вкупниот извоз за периодот јануари- септември годинава спореден со истиот период лани изнесува 6,689 милијарди долари што е раст од 5%. Вредноста на увозот изнесува 9,498 милијарди долари што е зголемување од 6,5 % во однос на истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,4%

- Advertisement -
Ad image

Трговскиот дефицит во овој период изнесува 2,8 милијарди долари.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.  Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,6 % во вкупната размена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation