Трамп со видеопорака дека е судбина САД и Гренланд да се заедно

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи објави видео за Гренланд, во кое порачува дека е судбина САД и островот да се заедно.

Во видеото се прикажани настани од Втората светска војна и се споменува „руската и кинеската закана со која се соочува Гренланд денес“.

„Во студената тишина на Тундрата се роди врска. Не од договор или за трговија, туку од крв и од храброст. Додека Германија ја контролираше Европа, нацистите му фрлија око на Артикот. Гренланд неволно стана соучесник, а САД прискокнаа во помош, не за да покорат, туку за да заштитат. Во 1943 година речиси 1.000 американски вијници заполовија од Њујорк кон Гренланд,  носејќи со себе надеж. Но, нивниот брог беше торпедиран од нацистичките сили, а ледените води на Атлантикот станаа гробница“, се вели во видеото.

Четворица капелани, се додава, ги дадоа своите животи за да преживеат останатите и да ги заштитат Америка и Гренланд. Нивната жртва ни помогна да ја вратиме нашата слобода и никогаш нема да ја заборавиме.

„Америка и Гренланд застанаа заедно како чувари на врвот на светот. Но, денес Гренланд се соочува со нови закани – од руската агресија и од кинеската експанзија. Нашето заедничко наследство живее – во секоја заедничка мисија, секоја мисија на Арктикот, партнерство создадено во темнината на топењето на мразот и растечките закани. Ова не е само историја, ова е судбина. Сега е време повторно да застанеме заедно – за мир, за безбедност и за иднината. Америка стои со Гренланд“, се вели во видеото што го сподели Трамп.

Вчера потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ја посети американската воена база Питуфик на Гренланд, од каде испрати остри критики до Данска.

– Народна Република Кина и Руската Федерација сè повеќе се заинтересирани за Арктичкиот премин. Соединетите држави мора да имаат предност на Арктикот. Знаеме дека нашите европски сојузници не се во чекор со вооружувањето. Данска е една од нив, тие не одвоија доволно ресурси за да ја чуваат оваа база, да ги чуваат нашите војници и да го заштитат народот на Гренланд од агресивните планови на Русија, Кина и од другите земји. Нашата порака до Данска е јасна: Вие не направивте добра работа за народот на Гренланд во изминатите 20 години – рече Венс меѓу другото.

Share This Article