Background

Трамп со остра порака до Техеран

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра порака до Техеран, предупредувајќи дека непостигнувањето договор со САД ќе има сериозни последици за Иран.

- Advertisement -
Ad image

– Ќе биде многу трауматично за Иран ако не постигнат договор – изјави Трамп од Белата куќа, алудирајќи на застојот во преговорите околу иранската нуклеарна програма.

Тој посочи дека договор можел да биде постигнат уште минатата година, кога Вашингтон и Техеран водеа интензивни разговори за спорното нуклеарно прашање.

Изјавата доаѓа по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по која Трамп нагласи дека повеќе би сакал дипломатско решение отколку воена интервенција. Разговорите со Нетанјаху ги оцени како „многу добри“, но додаде дека конечната одлука за следните чекори ќе ја донесе лично тој.

Израел со години предупредува дека договор кој би бил ограничен само на нуклеарната програма не е доволен. Тел Авив бара ограничување и на иранската програма за балистички ракети, како и прекин на поддршката за сојузничките групи во регионот.

Дел од функционерите во американската администрација, исто така, се залагаат за пошироки услови во евентуалниот договор. Сепак, Трамп досега не ги прецизирал јавно целите на САД во обновените разговори. Од друга страна, Иран останува на ставот дека е подготвен да преговара исклучиво за нуклеарното прашање.

Тензиите дополнително се зголемија откако иранските власти насилно ги задушија масовните протести во земјата. Во меѓувреме, Вашингтон го засили военото присуство во регионот, вклучително и со распоредување на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation