Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека европските сили нема да можат да помогнат во завршувањето на војната меѓу Иран и Израел, откако британските, германските, француските и високи дипломати на ЕУ се сретнаа со ирански функционер во Женева.
– Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема да може да помогне во ова – изјави Трамп по пристигнувањето во Мористаун, Њу Џерси.