Background

Трамп следната недела ќе претстави план за ставање крај на војната во Украина? „Ќе се сретнам со сојузниците“

Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, следната недела на безбедносната конференција во Минхен (14-16 февруари) ќе го претстави планот за крај на војната во Украина.

Имено, Кит Келог, неговиот специјален пратеник за Украина и Русија, преку социјалните мрежи го потврди токму тоа.

„Со задоволство можам да го најавам моето учество на безбедносната конференција како специјален пратеник на претседателот за Русија и Украина. Со нетрпение очекувам да зборувам за целта на Доналд Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина. Ќе се сретнам со американските сојузници кои се подготвени да работат со нас“, напиша Келог, испраќајќи исклучително јасна порака.

- Advertisement -
Ad image

Аспектите на планот, кој сè уште не е официјално обелоденет, би можеле да вклучуваат замрзнување на конфликтот, оставајќи ги деловите на Украина окупирани од Русија во неизвесност, истовремено давајќи му на Киев гаранции против идните руски напади, пишува Euronews.

Но, постои проблем, за кој постојано предупредуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие гаранции постоеја и порано, благодарение на договорот од Будимпешта во 1994 година, но Русија го прекрши потпишаното. Но, Трамп инсистира дека тоа нема да се повтори и и се закани на Русија со нови санкции доколку не се согласат на преговори. И тие се подготвени за нив, што не е чудно, би добиле се што ќе посакаат. Подготвен е и Зеленски, но има свои услови.

„Би разговарал директно со Путин и нема да бидам фин со него, го сметам за непријател. Знам дека и тој мисли на мене. Но, САД и Европската унија мора да учествуваат во преговорите. Отворени сме за силна дипломатија и токму таква дипломатија ја подготвуваме сега. А за тоа ни е потребна издржливоста на нашите војници, ефикасноста на нашата армија и нејзината модернизација“, рече Зеленски, додавајќи дека е подготвен да одржи претседателски избори штом ќе заврши војната и ќе се укине вонредната состојба.

Келог, исто така, посочи дека САД сакаат да се одржат избори во Украина откако ќе се постигне прекин на огнот. Зеленски рече дека е отворен за избори по завршувањето на војната и укинувањето на вонредната состојба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation