За време на прес-конференцијата во понеделник, 8 декември, во Белата куќа во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп влезе во вербална расправија со новинарката на „ABC News“, Рејчел Скот, поради тензиите меѓу Венецуела и САД, објавува британскиот „Mirror“.
Расправијата избувна откако таа праша дали ќе објави снимки од воена операција против брод за кој се тврди дека шверцува дрога, кој ѝ припаѓал на Венецуела.
Таа го праша американскиот претседател дали ќе му наложи на министерот за одбрана да објави снимки од целиот напад. На Трамп не му се допадна прашањето и реагираше бурно.
– Никогаш не го кажав тоа. Ти го кажа тоа, не го кажав тоа. Ова се лажни вести на „ABC“ – рече Трамп.
Новинарката продолжи да инсистира да добие одговор на нејзиното прашање. Потоа тој го подигна гласот.
– Ти си најнапорна новинарка во просторијата. Ти си напорна, ти си ужасен новинар – објасни Трамп.
Ова не е прв пат Трамп да се вклучи во жестоки расправии со американски новинарки. Неговото однесување предизвика широка јавна осуда поради неговите навреди кон новинарките за прашањата што ги поставуваат.



























