Background

Трамп сака да постигне мир до 4 јули

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека се обидува да ги минира мировните преговори, напаѓајќи ја руската енергетска мрежа.

- Advertisement -
Ad image

– Противниците на Русија прават сè, за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес – нагласи Путин.

Тој тврди дека Киев со помош на западните разузнавачки служби ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и стратешките објекти.

Путин на средбата со претставници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) посочи дека можна цел на украинските напади би биле гасоводите на дното на Црно Море, Турски поток и Син поток.

Рускиот претседател наведе и дека се зголемени терористичките напади во земјата и побара поголема заштита на доверливите информации поврзани со армијата и со воената индустрија.

– ФСБ даде најважен, значаен придонес во обезбедувањето на суверенитетот, во заштитата на безбедноста на нашите граѓани. Во текот на изминатата 2025 година, во сите клучни области, вие и вашите колеги достојно ги решивте поставените задачи – истакна Путин.

Високи американски претставници велат дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се постигне договор за завршување на војната во Украина пред да биде домаќин на 250-годишнината од независноста на Америка на 4 јули.

За време на својата претседателска кампања Трамп ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа од преземањето на функцијата. Речиси 400 дена од неговиот втор мандат трилатералните разговори не успеаја да доведат до договор, а Владимир Путин, според официјалните лица, не покажува знаци дека е подготвен за компромис.

Трамп сега сака да ја заврши војната за четири месеци, но Кремљ на четвртата годишнина од почетокот на војната соопшти дека ќе продолжат борбите, сè додека не ги постигне своите цели во Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation