Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека „не може да има безбедност“ доколку САД не го контролираат Гренланд.
Тој додаде дека САД „мора да ги убедат“ жителите на Гренланд да станат американски државјани, пренесоа американските медиуми.
Запрашан дали мисли дека тие сакаат да станат американски државјани, Трамп рече дека не знае, но дека Вашингтон мора да ги убеди да го направат тоа.
Во интервјуто за „Винс Шоу“ Трамп нагласи дека на САД им е потребна контрола над Гренланд поради национална безбедност.
Неговите изјави предизвикаа незадоволство кај жителите на оваа данска автономна територија
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и неговата сопруга Уша планираат утре да ја посетат американската воена база на овој арктички остров.