Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на одлуката на Врховниот суд да ги укине неговите царини, нарекувајќи ја „срамна“, јави Би-Би-Си.
Тој ја даде оваа забелешка додека зборуваше на состанок со државните гувернери рано утрово, изјавил извор за британскиот медиум.
Сè уште нема официјална реакција од Трамп, ниту од претставници на Белата куќа.
Врховниот суд на САД денеска го блокираше Трамп во користењето на законот за вонредни состојби за еднострано воведување сеопфатни царини за повеќето трговски партнери на САД.
Како што јави Фокс Њуз, со ова му е нанесен удар на претседателот „во случај фокусиран на една од неговите клучни економски политики – онаа што тој ја карактеризираше како прашање на ’живот или смрт‘ за американската економија“.
Со одлука од 6 спрема 3, судиите ги поништија царините на Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
