Трамп реагира дека претходната влада ги купила медиумите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ројтерс да ги врати парите, побара денеска американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа Трут соушал, а статусот беше пренесен и на неговиот профил на мрежата Икс.

„Изгледа дека радикалната левица Ројтерс доби 9.000.000 долари од Министерството за одбрана за да проучува „општествена измама од големи размери“. Вратете ги парите, веднаш“, напиша Трамп за новинската агенција.

Во друг статус Трамп реагира дека со пари на владините агенции се купувале медиумите.

„Зошто на Политико му плаќаа милиони долари за ништо? Го купуваат печатот! Вратете им ги парите на даночните обврзници“, повика Трамп.

Најбогатиот човек на светот и шеф на американскиот Департмент за ефективност на владата (ДОГЕ), Илон Маск, пред неколку дена објави дека новинскатата агенција Ројтерс добила милиони долари од американската влада, за да ја доведува јавноста во заблуда во врска со својата публика.

„Американската влада платила милиони долари за ‘масовно доведување на јавноста во заблуда’. Тоа е буквално она што го кажува договорот“, напиша Маск како одговор на објавата на кориснико на социјалните мрежи „Икс“ со фотографија за плаќањето кон новинската агенција.

Корисник на социјалната мрежа Икс истакна дека Пентагон му платил на Ројтерс дури 9 милиони долари за „социолошки“ проекти. Според корисникот, Управата за перспективни научно-истражувачки проекти на американското Министерство за одбрана (ДАРПА) спровело повеќе исплати за Ројтерс во перидот 2018-2002 година, под образложение за заштита од кибернетички напади, но тоа го отвора прашањето зошто една новинска агенција добила милиони за „општествен инженеринг“.

Додава и дека под лупа се ставени и другите медиуми поради државните финансирања.

Маск претходно го обвини влијателниот весник Њујорк тајмс дека ја напаѓа слободата на говорот загарантирана со Првиот амандман на Уставот на САД.

- Advertisement -
Ad image

Маск и претходно ја критикуваше  новинската агенција Ројтерс, опишувајќи ја како „најлошиот“ од етаблираните мејнстрим медиуми во светот. Тој не ја поштеди ниту најголемата американска новинска агенција Асошиејтед прес, нарекувајќи ја „екстремно левичарска пропагандна машина“, а британскиот либерален весник Гардијан го нарече „гнасна пропагандистичка машина“.

&

Share This Article