Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли можноста за воена операција за соборување на режимот во Хавана.
– Куба во моментот е банкротирана држава – изјави Трамп.
На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што, според неговите зборови, постапиле со Венецуела на почетокот на јануари, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро, Трамп одговори: „Не мислам дека тоа би било потребно“.
Поради долгогодишното американско ембарго и дополнително заострените мерки во последниот период, Куба се соочува со сериозен недостиг на гориво и чести прекини во електроснабдувањето.
Трамп најави дека Хавана повеќе нема да добива нафта од Венецуела и им се закани на други држави, пред сè на Мексико, со зголемување на царините доколку извезуваат нафта за Куба.
Недостигот на гориво тој го оцени како „хуманитарна закана“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
