Background

Трамп потпиша наредба, универзитетите ќе мора да откријат кој ги плаќа од странство

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извешна наредба за обврската за откривање на изворите на странско финансирање на високообразовните институции во земјата.

Еден член на персоналот на Трамп покрена сомнеж дека најпрестижните американски универзитети, како што е Харвард, ги прекршуваат законите за откривање на таквите донации.

Наредбата има за цел да ги принуди високообразовните институции да пријават значајни извори на странско финансирање „за да се стави крај на тајноста околу странското финансирање на американските образовни институции и за да се заштитат американските студенти и истражувања од странска експлоатација“.

- Advertisement -
Ad image

Целта е да се бара од универзитетите да примаат студенти врз основа на нивниот успех, а не врз основа на критериуми за малцинска застапеност, т.н. „woke“ застапеност, како што ја нарекува американската администрација.

– Мојата администрација ќе го реформира нашиот нефункционален систем за акредитација, така што колеџите и универзитетите ќе се фокусираат на обезбедување висококвалитетни академски програми – се наведува во извршната наредба од Трамп.

Трамп ги обвини Харвард и другите елитни американски универзитети дека следат левичарска идеологија и дека дозволуваат антисемитизам.

За разлика од другите универзитети, кои беа под притисок, Харвард досега одбиваше да ги спроведе промените во вработувањето и во приемот што ги бараше Трамп.

Претседателот, исто така, сака да ја прекине и програмата за Различност, еднаквост и вклучување (DEI).

Како одговор на ставот на Харвард, администрацијата на Трамп замрзна милијарди долари од редовното финансирање, што универзитетот го оспорува на суд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation