Трамп посочи дека расата и полот веќе нема да бидат мерило за вработување

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработувањата во САД ќе се засноваат на заслуги и Америка веќе нема да биде „разбудена“ (woke culture), изјави во вторникот претседателот на САД, Доналд Трамп, на заедничката седница на Конгресот, нагласувајќи дека неговата администрација ставила крај на „тиранијата“ на различностите и на програмите за вклучување.

Ова беше негово прво обраќање до Конгресот по големата победа на изборите во ноември и се случи 4 години откако неговите поддржувачи упаднаа во зградата на Капитол во знак на протест поради поразот на изборите во 2020 година.

Набројувајќи повеќе програми за различност, финансирани од САД во неколку делови од светот, и напаѓајќи го на режимот на Џо Бајден, Трамп рече дека земјата ја претрпела најлошата инфлација во последните 48 години и дека негов главен приоритет е да ја спаси економијата, објави Ен-Ди ТВ.

Трамп рече дека „штотуку почнува“ и дека „Америка се врати“. Додека тој зборуваше, неколку демократи мавтаа со плакати на кои пишуваше „не е точно“. Конгресменот Ал Грин беше замолен да го напушти собирот откако го подбуцнуваше претседателот и го затресе бастунот кон Трамп.

– Постигнавме повеќе за 43 дена одошто постигнуваат повеќето администрации за 4 или за 8 години. Американскиот сон станува поголем и подобар од кога било досега. Американскиот сон е незапирлив, а нашата земја е на работ на враќање каков што светот никогаш не сведочел досега, а можеби и никогаш повеќе нема да сведочи – рече Трамп.

Претседателот на САД посочи дека важна е компетентноста на работното место, а не растата или полот.

– Нашата земја повеќе нема да биде „разбудена“. Веруваме дека без разлика дали сте лекар, сметководител, адвокат или контролор на летање, треба да бидете ангажирани и унапредени врз основа на вештини и на компетентност, а не на раса или на пол. „Разбуденоста“ е неволја, таа е лоша, ја нема и се чувствуваме многу подобро поради тоа, нели? – рече тој во сеопфатниот напад против „културата на разбуденост“.

Културата на „разбуденост (woke culture) е социјално и политичко движење кое се залага за еднаквост, социјална правда и борба против дискриминацијата. Терминот „woke“ првично означувал разбуденост кон неправдите, особено кон расизмот, но со текот на времето се прошири и на теми како родова еднаквост, ЛГБТ+ права, екологија и на правата на маргинализираните групи.

Поддржувачите на културата на „разбуденост“ ја гледаат како неопходна за создавање поправедно општество, додека, пак, критичарите сметаат дека таа може да доведе до претерана политичка коректност, цензура и ограничување на слободата на говор.

- Advertisement -
Ad image

Во политичките и во културните дебати, некои ја гледаат оваа култура како знак на прогресивност, додека, пак, други како симбол на идеолошка наметливост.

Share This Article