Трамп поништи уште една од одлуките на Бајден

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за правда на САД ги информирало синоќа европските колеги дека Вашингтон се повлекува од меѓународната група за истраги на руските злосторства во Украина, вклучително и акциите на претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти денеска „Њујорк тајмс“ повикуваќи сè на свои извори.

Станува збор за Меѓународниот центар за гонење на злосторствата на агресија против Украина (ИЦПА), создаден со цел барање одговорност од раководството на Русија, како и од нејзините сојузници Белорусија, Северна Кореја и Иран.

Официјалното соопштение за одлуката се очекува да биде објавено денеска по електронска пошта испратена до членовите на главната организација на групата — Агенцијата на Европската Унија за соработка во областа на кривичното правосудство (Еуроџаст).

САД се единствената држава надвор од Европа што соработуваше со групата. За работата со истражителите од Украина, балтичките држави и Романија, американските власти имаат испратено во Хаг висок обвинител од Министерството за правда.

Одлуката за повлекување од групата во која САД се приклучија по одлука на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во 2023 година, е уште еден сигнал дека претседателот Доналд Трамп се откажува од обврските преземени претходно од Вашингтон, Путин да биде повикан на лична одговорност за злосторствата против Украина, забележува „Њујорк тајмс“.

Здружената истражна група на Еуроџаст која работи на истраги околу злосторства извршени во Украина беше формирана во март 2022 година по што  Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои резолуција со која политичкиот режим во Русија го прогласи за „терористички“, и ја истакна потребата за создавање меѓународен трибунал. Оваа одлука ја поддржа и Парламентарното собрание на ОН.

Во февруари 2023 година, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави за формирање на ИЦПА, со цел собирање докази за воените злосторства. Центарот започна со работа во Хаг во јули истата година.

Неодамна беше објавено дека САД го намалиле своето учество во Групата за одговорност за воени злосторства (WarCAT) создадена во 2022 година во рамки на Министерството за правда на САД. Во текот на администрацијата на Бајден, тимот WarCAT обезбедуваше помош на презафатените украински обвинители и органите на редот што работеа на истраги за руските воени злосторства. Тимот на Трамп не соопшти причини за повлекувањето од истражната група, наведувајќи само потреба од прераспределба на ресурсите, јавува изданието.

Share This Article