Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја.
Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите за безбедност на јајца. Според Министерството за правда, само федералната влада има право да регулира квалитет, инспекција и пакување јајца.
„Калифорнија забранува користење стандардни земјоделски методи кои овозможуваат пониски трошоци за производителите“, се наведува во соопштението на Министерството.
Државата Калифорнија има неколку закони кои бараат кокошките да се чуваат во услови што им овозможуваат да легнат, станат, да ги рашират крилјата и слободно да се движат. Овие иницијативи беа усвоени со референдуми во 2008 и во 2018 година.
Министерството за правда тврди дека овие правила не само што се прекумерни, туку и негативно влијаат на достапноста и на цената на основни прехранбени производи за американските потрошувачи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
