Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува да воведе царина од 25% за сите стоки што доаѓаат од Канада и од Мексико, од 1 февруари.
– Размислуваме за царина од 25% за Мексико и Канада бидејќи им дозволуваат на многу луѓе да влезат во САД, а исто така и да влезе многу фентанил – рече Трамп во Белата куќа неколку часа по преземањето на функцијата.
Тој објасни дека се размислува тарифите да стапат во сила од 1 февруари.
За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе воведе царина од 25% за сите стоки што доаѓаат од Мексико и од Канада, доколку тие земји не го прекинат протокот на дрога и на мигранти во САД.
Мексико и Канада се теоретски заштитени со договорот за слободна трговија, потпишан за време на првиот мандат на Трамп, кој тој го нарече „најдобро можен“.