Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека од 1 август има намера да воведе дополнителни општи царини од 15 до 20% за земјите кои не ги добиле неговите писма, односно известувања за зголемени царини.
– Едноставно ќе кажеме дека сите преостанати земји ќе платат, нека биде 20 или 15% Ќе го решиме тоа сега – изајви Трамп во гостување на NBC News.
Тој не прецизираше дали овие царини ќе бидат додадени на таканаречената основна царина од 10%, која веќе е воведена од април за повеќето производи што влегуваат во САД.
Деновиве 20 земји веќе добија писмо од Вашингтон со кое се најавува воведување царини од 20 до 50% од 1 август.
Во писмата Трамп наведува дека секој одмазднички одговор на тие мерки ќе биде санкциониран со дополнителна царина.
Откако се врати во Белата куќа во јануари, за Трамп, се обидува да го намали трговскиот дефицит на САД, а царините станаа централен дел од неговата економската политика.
Од април, американскиот претседател им се заканува на десетици трговски партнери со казнени царини за ребалансирање на трговијата.