Трамп не се откажува од царините, ги чека на преговарачка маса ЕУ и Кина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „понекогаш мора да пиете лекови“, одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира турбуленциите на светските пазари на капитал.

Тој додаде дека не влијаел намерно на распродажбата на финансиските пазари, во време кога фјучерсите навестуваат уште еден тежок ден за берзата.

– Не сакам ништо да пропадне, но понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто. Другите земји се однесуваа лошо со нас затоа што имавме глупаво раководство што дозволи тоа да се случи – им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, мислејќи на економските последици од неговите високи царини.

Трамп не даде никакви индикации дека ќе се откаже од плановите поврзани со тарифната политика или ќе се грижи за огромните загуби на Волстрит, кои веќе избришаа речиси шест трилиони (6.000 милијарди) долари од американските акции во четвртокот и петокот.

– Што ќе биде со пазарите, не можам да ви кажам. Но, нашата земја е многу посилна – рече Трамп.

Тој исто така рече дека нема да склучи договор со Кина доколку не се реши трговскиот дефицит што го имаат САД со таа земја.

– Ако не го решиме тој проблем, нема да склучам договор – рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека разговарал со европските и азиските лидери за тарифите воведени од неговата администрација, истакнувајќи дека тие „умираат за да постигнат договор“.

– Доаѓаат на маса. Сакаат да разговараат, но нема разговор освен ако не ни плаќаат многу пари на годишно ниво – рече Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Американските царински власти во саботата почнаа да наметнуваат еднострани царини од 10 отсто на Трамп за целиот увоз од повеќе од 180 земји.

Повисоките „реципрочни“ царински стапки, кои се движат од 11 до 50 отсто за одделни земји, треба да стапат на сила во среда.

Share This Article