Background

Трамп најави преговори, зетот и Виткоф ќе посредуваат

Иран се согласил да го отвори Ормускиот теснец, а тврдењата за негово затворање се лажни, вели портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит во обраќање. Според Ливит постигнале „значаен успех“ во конфликтот со Иран, отворајќи го патот за понатамошни преговори за долгорочен мир, а во исто време потврди и постигнување на привремен прекин на огнот меѓу двете земји.

– Заканата од Иран е во голема мера уништена – рече портпаролкта Каролин Ливит, додавајќи дека Техеран повеќе не е во можност да развива нуклеарно оружје и дека операцијата „Епски бес“ резултирата со уништување на клучните капацитети на Иран.

Според неа, Иран се согласил на прекинот на огнот по интензивните напади и притисок од САД, вклучително и ултиматумот што Трамп го поставил непосредно пред постигнувањето на договорот.

- Advertisement -
Ad image

Ливит, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон ги прифатил претходните ирански предлози, истакнувајќи дека почетниот план на Техеран бил „несериозен и неприфатлив“, додека подоцна бил поднесен „поразумен предлог“ што претставува основа за преговори.

Ливит потврди дека конфликтот во Либан не е дел од двонеделното примирје кое го постигнаа САД и Иран. Таа, исто така, нагласи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги поддржува напорите за прекин на огнот и ќе игра важна улога во понатамошните преговори.

По постигнатиот договор за прекин на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Вашингтон и Техеран да започнат директни преговори во многу блиска иднина.

„Тоа ќе се случи многу скоро“, пренесе „Њујорк пост“ изјава на Трамп од денешното телефонско интервју. Трамп појасни дека од американска страна во преговорите ќе учествуваат неговиот зет Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги покани делегациите на САД и Иран в петок во Исламабад. Според пакистански извори, на средбата би можеле да присуствуваат и претставници од Саудиска Арабија, Турција и од Египет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation