Background

Трамп најави нови царини за увоз на автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување нови царински тарифи и за автомобилската индустрија кои ќе ги изедначат царинските стапки со оние во другите земји, што најмногу ќе ја погоди автомобилската индустрија во Европската унија, особено германските производители.

Трамп често ја критикува ЕУ за нејзините тарифи за увоз на автомобили, кои се 10% во споредба со 2,5% во САД. Дополнително, американските власти тврдат дека европскиот данок на додадена вредност (ДДВ) од околу 20 отсто дополнително ги зголемува вкупните трошоци.

Германските производители како „БМВ“, „Мерцедес“ и „Фолксваген“ учествуваа со 73% од 820.000 автомобили извезени од ЕУ во САД минатата година. Трамп рече дека САД мора да реагираат бидејќи милиони европски автомобили влегуваат на американскиот пазар без соодветни царини.

- Advertisement -
Ad image

Трамп веќе воведе царина од 10% за кинескиот увоз и привремено ги суспендираше царините од 25% за стоки од Мексико и Канада. Германските производители би биле дополнително погодени доколку царините се прошират во Мексико, каде што имаат значително производство.

Европската автомобилска индустрија веќе се соочува со пад на побарувачката во Кина и послаба продажба во Европа.

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) изрази загриженост за можните царини, повикувајќи ги ЕУ и САД да избегнат трговски конфликт.

„БМВ“ предложи ЕУ да ги намали тарифите за американските автомобили за да ги намали трговските тензии, но таквиот потег може да биде од корист и за Кина, бидејќи ЕУ ќе мора да ги прошири истите услови за кинеските производители.

Администрацијата на Трамп, исто така, тврди дека европскиот ДДВ претставува дополнителна пречка за американските производители, бидејќи вкупниот товар на американските автомобили во ЕУ достигнува 30 проценти. Белата куќа соопшти дека ЕУ ќе мора да ги намали бариерите за да постигне фер и реципрочен однос.

„Порше“, кој го пласира целиот свој извоз од ЕУ на американскиот пазар, продаде рекордни 76.000 возила во САД минатата година, додека „Ауди“ забележа пад на продажбата за 14%. Зголемените трошоци дополнително ја комплицираат ситуацијата за „Фолксваген“.

„Ауди“ би можел да го пресели производството на својот модел Q4 во САД, каде што „Фолксваген“ веќе го произведува електричниот ID.4.

„Реториката на Трамп за реципроцитет би можела да се соочи со предизвик ако тој не е подготвен да ја намали царината од 25%о за лесни камиони, која е во сила уште од времето на Линдон Џонсон. Овие тарифи им овозможуваат на американските производители да доминираат на пазарот на пик-ап камиони, при што Ford F-Series повторно беше најпродаваниот модел минатата година“, пишува Politico.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation