Background

Трамп ќе стави крај на независноста на агенцијата

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп презема чекори за да ја стави американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би претставувало значајна реформа на начинот на кој Вашингтон ја доделува странската помош, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на упатени извори.

Извор на Ројтерс изјаби дека американскиот Совет за национална безбедност неделава организираше дискусии токму на оваа недела, но посочи дека се уште не се донесени конечни одлуки.

Минатата недела, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше американската странска помош, објаснувајќи дека спроведува ревизија за да се осигура дека помошта од десетици милијарди долари е во согласност со доктрината на надворешната политика на Трамп „Америка на прво место“ и дека не е губење пари на даночните обврзници.

- Advertisement -
Ad image

Еден извор рече дека Белата куќа ги испитува правните овластувања што Трамп би можел да ги искористи за да издаде извршна наредба со која се става крај на независноста на УСАИД и дека може таквата наредба да ја потпише уште денеска.

Не е јасно дали Трамп има законско овластување да го заобиколи Конгресот и да издаде извршна наредба за спојување на УСАИД со Стејт департментот, пренесуваат британските медиуми.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, цитирајќи ги „гласините“ дека Трамп планира да ја распушти УСАИД како независна агенција, на X објави дека таквиот потег би бил „нелегален и против нашите национални интереси“.

Фотографии од канцелариите на УСАИД покажуваат дека плочите со официјалниот жиг на агенцијата се отстранети, што е знак дека веќе се работи на спојување со Стејт департментот.

Изворот рече дека во дискусиите учествувале и претставници на новоформираното Министерство за ефикасност на владата, на чие чело е милијардерот Илон Маск и дека тие оваа недела често го посетувале седиштето на УСАИД во Вашингтон.

Во текот на 2023 година, САД одвоија 72 милијарди долари ширум светот како дел од различни програми за помош.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation