Background

Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи.

Меѓутоа, Трамп ја спомена можноста за исклучок за нафтата од Канада, наведувајќи дека царината за тој производ ќе биде 10 проценти, а најави и дека кон средината на февруари ќе бидат воведени повисоки царини за нафтата и природниот гас, што доведе до зголемување во цената на нафтата, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател објасни дека овие цени ќе важат додека земјите не преземат поголеми мерки за намалување на протокот на мигранти и фентанил преку американската граница.

- Advertisement -
Ad image

Трамп, синоќа на новинарите во Овалната соба, додека потпишуваше нови извршни наредби, им рече дека е свесен дека тарифите може да предизвикаат повисоки цени за потрошувачите.

Економистите проценија дека високите царини би можеле да ја нарушат економската активност ширум светот.

На прашањето дали постои можност за одложување на царините, Трамп одговори: „Не, не. Не сега, не“.

Американскиот претседател најави нови царини за европските производи, како челикот, алуминиум, бакар и полупроводниците.

– Ќе ставиме царини за челик, за алуминиум и на крајот за бакар. За бакарот царините ќе траат малку подолго – рече Трамп.

Шефот на одделот за политика на канадската стопанска комора, Метју Холмс, рече дека царините на Трамп првенствено ќе ја оптоварат Америка.

– Од повисоките цени на бензинот, во продавниците и кога купувате преку Интернет, тарифите се прелеваат во економијата и на крајот им штетат на потрошувачите и бизнисите од двете страни на границата – посочи тој.

Потегот на Трамп може да ја наруши годишната трговија од 2,1 трилиони долари со трите главни трговски партнери на САД.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера рече дека Канада веднаш ќе одговори со силни контрамерки, додавајќи дека Канаѓаните би можеле да се соочат со „тешки времиња во наредните денови и недели“.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум изјави дека „со ладна глава ќе ја чека одлуката на Трамп за царините“ и додаде дека е подготвена да го продолжи дијалогот на границата.

Таа претходно рече дека Мексико ќе возврати со царини, тврдејќи дека тие ќе чинат 400.000 американски работни места и ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.

И Кина вети дека ќе одговори.

– Кина силно се спротивставува на новите царини на Трамп. Нема победник во трговската или тарифната војна, што е во корист на ниту една страна – изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation